Ammon Zeus е луксузен хотел во кој има 126 минималистички уредени соби и апартмани, два стилски ресторани, спа, конференциски центар и базени. Хотелот првично e изграден во 1960-тите, но целосно e реновиран во 2018 година. За време на својата долга историја, хотелот Ammon Zeus гордо служел како локално обележје во областа Калитеа. До ден-денес, тој е единствениот хотел во Грција кој седи во непосредна близина на антички храм.
Хотелот Ammon Zeus е еден од најновите и најквалитетните сместувачки капацитети на Халкидики. Буквално поставен на допир помеѓу брегот и морето, хотелот има 270 степени поглед на бесконечна водна убавина.
Подеднакво спектакуларно, ентериерот на хотелот целосно реновиран во 2018 година, кој се карактеризира со сосема нов минималистички дизајн исполнет со земни елементи - инспириран од локалната природа и архитектура.
Во хотелот работат 2 ресторани и 2 барови, заедно со комплетно опремен Спа центар, базен, плажа наградена на Сино знаме, базен за деца, детско катче и игралиште и конференциски центар.
Како една од најлесно достапните локации во Халкидики, плажата Амон обезбедува релаксирачки живописи, златен песок и кристално чиста вода. Нивните беспрекорни услуги и за гостите на хотелот и за посетителите се неспоредливи.
Плажата е носител на Сино знаме веќе неколку години, сметана меѓу најчистите и најорганизираните плажи во светот. Од 2018 година, сосема новиот ресторан „GRECO'S“ за морска храна служи како главен угостител на плажа, обезбедувајќи извонредни специјалитети од морска храна заедно со коктели, кафе и пијалоци. Лежалки за сонце се достапни бесплатно за гостите на хотелот. Како дополлнителна содржина, скијање на вода, џет-ски и педалинки се достапни за изнајмување.
Главниот ресторан нуди одличен полупансион за појадок и вечера, разновидна палета на вкусови со грчки и други медитерански кујнски инспирации.
Инспирирани од
Греко, грчкото име за северо-источен ветер, новиот ресторан со премиум морска храна е „Greco's“ a la carte ресторански концепт, опфаќајќи комбинација на традиционално грчко готвење со фузија и гурмански елементи од целиот Медитеран.
Greco's секојдневно работи за ручек и има импресивна разновидност на свежа риба и морска храна, а проптано и исклучителна разновидност на локални вина.
Специјална понуда со попуст до 28/02/2022!
Термин: 28.04.2022 - 03.04.2022
Тип на соба: Delux Double Room Garden View
Цена по лице: 239 € HB
Едно дете до 10 години - бесплатно!
Резервирајте го вашиот одмор за 1ви Мај во Ammon Zeus колку што е можно порано и обезбедете си најисклучителен одмор - за помалку.
Побарајте понуда >>>