Доминиканскa Република е земја со богата и долга историја, прекрасна религија на бачата и меренге, неверојатна природа и спектакуларни плажи и океан со 50 нијанси на сино. И сето тоа е на достапно растојание и со многу различни извонредни места за откривање.
ПАКЕТ АРАНЖМАН ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА
7/9 ноќи на ALL Inclusive + авионски превоз + трансфер
Одморот на Доминиканска Република е многу повеќе од обичен престој на плажа. Оваа волшебна земја има многу да понуди од аспект на културата: историски места, згради, колонијални градови како и природни паркови кои ве повикуваат да ја истражите и доживеете атмосферата на една карипска држава. Но тоа не е се. Поради својата големина, таа е една од земјите со најразновидна содржина на Карибите. По должината на брегот се наоѓаат голем број на плажи, додека пак во внатрешноста се наоѓаат лагуни, планински врвови и водопади, кои се само почеток на една приказна. На Доминиканската Република се уште постојат региони со густи дождовни шуми, пејсажни тропски езера и долги песочни плажи кои и покрај растечкиот туризам, останале недопрени и неоткриени.
Оваа прекрасна земја има на располагање плажи за сечиј вкус. Во продолжение ги издвојуваме најомилените плажи помеѓу туристите.
Плажа Бока Чика (Playa Boca Chica) - Се наоѓа на околу 30 километри источно од главниот град Санто Доминго. Playa Boca Chica е една од најпопуларните плажи во Доминиканската Република. Поради тоа истата е полна со луѓе, продавници за сувенири и штандови за храна.
Плажа Ринкон (Playa Rincon) - Сместена е на источниот брег на полуостровот Самана. Оваа плажа е една од најубавите бели песочни плажи. Сместена е во оддалечен агол на рајот, каде што морето е топло, тиркизно и идеално за пливање. Опкружувањето е исто така извонредно, па така овде ќе наидете на кокосова шума. До плажата може да стигнете со кола (но патот е прилично нерамен, се препорачува џип) или можете да изнајмите брод во близина на Las Galerasa.
Плажа Гранде (Playa Grande) - Единствено посетителите на две одмаралишта имаат пристап на ова издвоена, широка и златна плажа, а тоа се гостите на новото одмаралиште Anamera и интимниот Playa Grande Beach Club кој го уредил њјујоршкиот дизајнер Cekerie Kemble.
Пунта Кана (Punta Cana) - Со својот брег кој има должина од 30 километри, прочуените голф терени и семејни хотели, Punta Cana е убедливо најпопуларната дестинација во Доминиканската Република.
Плажа Сосуа (Sosua Beach) - Се наоѓа во близина на Puerto Plata интернационалниот аеродром. Сосуа е рај за љубителите на нуркање благодарение на подводното богатство. На плажата ќе најдете продавница за сувенири, штанд за храна, продавници.. Овој крајбрежен град има и интересна историја: евреите се населиле таму по завршување на Втората Светска Војна при потрага за засолниште и да формираат заедница. И ден денес синагогата ја посетуваат нивни посетители.
Доколку барате идеален период од годината, треба да знаете дека оваа област е подложена на урагани. Периодот на ураганите трае од јуни до крајот на септемвви (особено во јужниот дел на земјата, а периодот на дождови помеѓу мај и јуни, понекогаш до октомври). Така, најдобар период од годината за патување во Доминиканската Р. e од ноември до мај. Тропската клима и влажност допринесуваат кон тоа да субјективното чувство за температурата биде повисоко, но тој ефект го ублажува ветарот кој доаѓа откај морето. Во февруари времето е многу пријатно, но треба да имате во предвид дека станува збор за месец на величенствениот карневал и време кога може да видите китови.
Пакет аранжмани според избор на хотелско сместување:
❖
Важно - Хотелите, които сте ги избрале се со топла препорака од наша страна , но сепак на Ваше барање можеме да предложиме и дурги хотели .
Во програмата е вклучено:
❖ Авиобилет Софија-Франкфурт / Минхен - Пунта Кана – Франкфурт / Минхен-Софија;
❖ Аеродромски такси
❖ 7/9 Ноќевања во хотел избран од табелата ;
❖ Услуга Се вклучено за време на престојот во избраниот хотел;
❖ Трансфер на релација аеродром - хотел - аеродром;
Во програмата не е вклучено:
▪ Излезна такса такса (се плака на лице место ) – 20€;
▪ Патничко осигурување
Факултативни екскурзии:
▪ Canopy Adventure/Zip line – 156€
▪ Остров Саона – 158€
▪ Екскурзија до Санто Доминго – 167 €
▪ Пливање со делфините во Манати Парк - около 210 €
▪ Coco Bongo – 123 €
Потребни документи:
▪ Патниците мора да имат валидност на пасош повеке од 6месеци од терминот на патување
Услови :
❖ При резервација се плаќа депозит од 30%, а целосна уплата се прави 21 дена пред поаѓање.
❖ Понудата важи за минимум 2 пријавени патници.
❖ За ова патување не се потребни медицински имунизации.
❖ Патничко осигурување
Рокови за отказ на аранжманот и пенали:
❖ До 45-тиот се задржува неповратниот депозит од 50% од вредноста на аранжманот;
❖ помеѓу 45-тиот и 36-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
❖ помалку од 35 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.
Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари
Напомена:
Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 2.
Забелешки:
❖ Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени и се во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.
❖ При лоши временски услови или друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет на потврда од авиокомпаниите.
❖ Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.