ГРЦИЈА ГИ ОТВАРА ГРАНИЦИТЕ ЗА COVID-FREE ТУРИСТИ

Грција ги укина условите за карантин за вакцинираните патници и оние кои беа негативни на Covid-19 од клучните туристички пазари, вклучувајќи ги Европа, Велика Британија и САД, во она што официјалните лица го нарекоа „бебешки чекори“ на патот кон нормалноста.

Но, додека квалификуваните посетители ќе можат да се пријавуваат во хотелите за да уживаат во грчкото сонце и плажите, тие ќе бидат предмет на истите ограничувања како и локалното население, што значи дека рестораните и баровите ќе останат недостапни, освен за носење.

Овој потег е прв пат земјата да биде отворена за американски посетители од март 2020 година кога Грција влезе во својата прва блокада на почетокот на пандемијата.

Исто така, ова ја прави Грција една од првите големи европски дестинации што повторно се отвора за туристите во пресрет на летната сезона - развој што може да види ќар од крадење на значителен дел од сообраќајот за одмор далеку од ривалските жаришта.

Според новите правила, во земјата можат да влезат сите што пристигнуваат од ЕУ, Велика Британија, Соединетите Држави, Израел, Србија и ОАЕ кои биле вакцинирани или имаат негативен тест за PCR до 72 часа пред пристигнувањето.

Официјални лица изјавија дека насочените брзи проверки ќе бидат извршени на влезните точки и дека хотелите во карантин се подготвени да ги примат оние кои имаат позитивен тест за време на овој процес. Безбедносните протоколи, вклучувајќи носење маски и социјално дистанцирање, ќе останат на сила.

Грчкиот министер за туризам Хари Теохарис за CNN изјави дека земјата „ги презема овие бебешки чекори, како почеток на постепен процес на отворање што ќе доведе до целосно отворање на туризмот во Грција на 14 мај. 2021. Во текот на следните недели ќе се прилагодуваме“.

Веста е преземена од CNN TRAVEL и целата статија можете да ја прочитате  ТУКА>>>

Промотивни празнични понуди за Грција можете да погледнете   ТУКА>>>