Почитувани клиенти,

Поради непријатната состојба предизвикана од појавата и брзото ширење на СOVID-19 низ коja поминуваме сите, а покрај веќе постојните мерки што ги најави грчката влада, сите сезонски хотели во Грција ќе бидат затворени заклучно со 30/04.

Реалноста создадена од појавата на COVID-19 бара мирен, ладнокрвен пристап. Согласни сме дека сегашната состојба е без преседан, но, сепак решлива.

Сите предвидувања покажуваат дека ситуацијата би требало да се нормализира во наредните месеци. Затоа, ве замолуваме да бидете спокојни во врска со Вашите резервации и Ве уверуваме дека ние како и сите туристички агенции заедно со нашите партнери секогаш  настојуваме да ги заштитиме вашите интереси и права. Секако, ситуацијата останува неизвесна за сите туристички претпријатија. Сите компании поврзани со туризмот, вклучително и хотелски, се обидуваат да помогнат во решавањето на оваа состојба на најдобар можен начин.

Во таа насока, би сакале да Ве информираме за следниве опции:

• За сите резервации со датум за најавување во приод март, април и мај, нашите партнери нудат можност да ја пренесеме вашата резервација под исти услови во октомври 2020 или во период март-мај 2021 година.

• За сите резервации со датуми на најавување во март, април и мај, за какви било замена за периодот јуни - септември 2020 година, целиот износ на постојната резервација ќе се надомести во однос на новата резервација. Во случај вредноста на новата резервација да е поголема, мора да се платат дополнителните трошоци.

• Во случај да треба да одложите или да размислувате за други патувања во целост, Ви нудиме ваучери со еднаква вредност на оригиналната резервација, што може да се потврди во рок од една година (12 месеци) од денот на планираното пристигнување.
 
Ќе го поминеме ова заедно!
 

Со почит,

Тимот на АГЕНТУР