ATHOS PALACE HOTEL 4* - Калитеа

Импозантниот и гостопримлив Athos Palace Hotel 4* е предводник на GHotels Group. Се наоѓа на полуостровот Касандра - Грција во зеленo опкружување во близина на селото Калитеа, директно на убава песочна плажа со чиста кристална вода.

Уживајте во одмор на полуостровот Касандра, Халкидики со загарантиран квалитет потпишан од GHotels. Хотелот располага со 414 соби и апартмани кои што претставуваат удобност и елеганција.

Капацитетите вклучуваат приватна плажа, затворен и отворен базени, спа, спортски објекти, три ресторани, бар, бар на плажа, надворешен амфитеатар, како и продавница за сувенири и мини-пазар. Во близина на хотелот, ќе најдете бутици и сувенир-продавници, ресторани и таверни, барови на плажа и ноќни клубови каде што можете да ја доживеете атмосферата и уживањето во одмори во Грција. 

Одличните капацитети, пријатна грчка гостопримливост, долгогодишното искуство, современите удобности и комфор, грчката и странска кујна го прават Вашиот престој во хотелот  Athos Palace Hotel 4* идеален избор за летен одмор на Халкидики.

Нашата понуда се однесува за 7 HB за двајца за престој од: 22.08, 23.08, 24.08 и 25.08.2019. 
Дете до 11 години бесплатно!

Double Room Mountain View - 965€
Double Room Sea View - 1.043€

Галерија

Поврзани блог статии