Банско

Банско е рекреативен скијачки центар во Пирин, ситуиран на надморска височина од 925 м. Располага со 17 скијачки патеки (во должина 75 км) и 27 ски-лифтови. Највисоката точка на ски-центарот е 2560м, а најниската - 1000м. Стариот дел на градот Банско има зачувана атмосфера на типично балканско гратче со исклучителна архитектура, прекрасна природна средина и богато културно наследство коешто го разликува од другите ски-центри.

Банско е посетен 12 месеци во годиниата. Од март до октомври поради чистиот планински воздух, пешачките патеки, голф терените, а во зимскиот период поради, богатата понуда за љубителите на зимските спортови. Со модерна жичарница, ски лифтови, снежни топови, комплетна инфраструктура и над 75 километри ски патеки. Просечните јануарски температури се -1,9 степени, снежните покривки во зимскиото одмарлиште се задржуваат околу 6 месеци преку годината, а летните температури се околу 25 степени. Поради својата уникатна природа Националниот парк "Пирин" е признаен за објект од светско значење и од 1983г. е вклучен во списокот на Конвецијата на УНЕСКО за заштита на светското природно наследство. Специфичната микроклима на општината Банско допринесува за развојот во општината на зимски, планински и еко туризам.

Препорачуваме да одберете некои од нашите хотели



 

Поврзани блог статии