KOPAONIK SKI OPENING 2021/2022

Традиционално отворање на новата ски сезона 2021/2022 на Копаоник  закажанo за 9-12 декември 2021 година. Манифестацијата SKI OPENING за прв пат е одржана во 2010 година, по пример на слични настани во популарните европски скијачки центри, со цел на симболичен начин да се одбележи отворањето на ски сезоната во Копаоник. Последниве девет години, SKI OPENING на Копаоник стана препознатлив туристички бренд кој секоја година привлекува се поголем број гости од целиот регион.

Љубителите на планината имаат можност, по промотивни цени на сместување и ски карти и проследено со добра забава, да ја отворат новата скијачка сезона. Ако сакате само добро да скијате, но без попуст и без дополнителна забава, тогаш вистинскиот период за Вас е неколку денови после оваа манифестација. 

Копаоник е омилен зимски центар меѓу младата популација поради добрата забава и богатиот ноќен живот. На патеките и вон нив, скијачите ги загрева четиридневна SKI OPENING забава, проследена со многубројни промоции, модни ревии на отворено, целодневна журка со популарни бендови и DJ-и. 

Што се однесува до музичките настани за оваа година, организирани од хотелите Гранд и Горски, сезоната се отвора во халата на хотел Гранд. Едита Арадиновиќ ќе настапи на 10 декември, додека 11 декември е резервиран за концертот на Ацa Лукас, а Мегабенд ќе се појави како предгрупа.

Првите денови на снег поминете ги со скијање, санкање, сноубординг, ски натпревари, наградни игри, модни ревии и најдобрите apres-ski журки во регионов!

Сите наши понуди за ски сезона 2021/2022 ТУКА>>>>