Kopaonik Music Week - 2020

Петтиот по ред фестивал „Kopaonik Music Week“ ќе го одбележи својот мини јубилеј. Од 5 март до 15 март 2020 година, Копаоник ќе биде дестинација број еден за врвно поминување и уживање во идеалното мартовско скијање и незаборавни концерти.

Во големата сала на хотелот Гранд, првиот викенд фестивалот ќе биде отворен  од Здравко Чолиќ и Александра Пријовиќ, додека Цеца Ражнатовиќ и Саша Матиќ ќе одржат концерти во вториот викенд на фестивалот. Организаторите на Skymusic, MK Mountain Resort и хотелите Горски и Ангела ја најавија најдобрата и најквалитетната програма на Музичката недела досега, каде покрај врвните изведувачи, продукцијата ќе ги надмине сите очекувања, а со тоа и бројни сценски и визуелни ефекти премиерно ќе бидат прикажани во хотелот Гранд на Копаоник .

Фестивалот „Kopaonik Music Week“ е традиционално место за најдобра забава за сите оние кои сакаат да поминат незаборавно време со ексклузивни концерти по цел ден скијање и уживање во најпополарниот скијачки центар во регионов. Фестивалот прерасна во еден вид бренд кој што привлекува илјадници гости, а во него уживаат и се поголем број туристи од регионот.

 
 
Gorski Hotel & Spa****
Цените се изразени во €, по лице
 
Пакет 05-08.03.
 
Услуга
 
1/2 Sup
1/3 Sup
1/2 fam
1/3 fam
1/4 fam
 
1/1 Sup
2 ноќи HB 324 € 358 € 435 €
 
 
 
 
Пакет 13-15.03.
 
Услуга
 
1/2 Sup
1/3 Sup
1/2 fam 1/3 fam 1/4 fam  
1/1 Sup
2 ноќи HB 324 € 358 € 435 €
 

Цените се по лице за пакет од 2 ноќевања

Цена за деца се пресметува според редовниот ценовник

 
 
Цената на пакетот вклучува
  • Влезница за сите концерти за врме на Music Week
  • ноќевања на база полупансион (доручек и вечера – шведска маса) по лице во избраниот тип на соба
  • Неограничено користење на содржините на СПА и ВЕЛНЕС центарот: затворен базен и џакузи, соблекувална (бањарка, папучи, пешкир), релакс зона – тепидариуми, топли клупи, сауна свет – борова сауна, сауна со сено, финска сауна, парна бања, солено-ледена соба, ледена фонтана, ладен туш, базен со топла вода на отворено, неограничено користење на фитнес центар
  • Wi-Fi
  • Користење на ски гардероба
 
Цената не вклучува (задолжително плаќање со резервацијата):
 

Туристичка такса – 50 ден. по лице по ноќевање за возрасни, 25 ден. по лице по ноќевање за деца  7 – 15  години; деца 0-7 години не плаќаат. 


Концерти:
  • 05-08.03.2020. – Здравко Чолиќ и Александра Пријовиќ
  • 13-15.03.2020. – Цеца Ражњатовиќ и Саша Матиќ 


Photo credit:
http://www.sky-corporation.rs/
https://www.infokop.net/index.php
https://www.gorskihotel.com/gorski/en/



 

Галерија

Поврзани блог статии