СУ Хотел - поинакво доживување на Охрид

Сместен во центарот на прекрасниот Охрид, покрај неверојатното Охридско Езеро, се наоѓа SU Hotel. Замижете за миг и замислите да се разбудите со поглед што ви го одзема здивот, секој пат кога ќе го доживеете, наново и наново. Десно од вас, стариот дел на градот на дланка заедно со 13 вековниот Канео и 12 вековната тврдина, пред вас поглед кон езерска шир во недоглед, лево од вас импозантаната Галичица со снег на врвовите се до јуни, а под нос уште еден поглед кон трската каде живеат и се мрестат лебедот и крапот .

Замислете да се разбудите со мирис од печилница на најквалитетно кафе, со доручек од органско овошје и зеленчук од локалниот пазар и тазе печен леб, сето тоа сместено во исклучително софистициран амбиент, во еден од најсончевите градови на Балканот.

Замислете топлина на гостопримство како кај пријатели од памтивек, замислете дека пливањето и скокот во вода ви се на чекор пред врата, или изберете скок во кајче или брод за прошетка. Пропешачите само пет минути до градскиот плоштад и почетокот на стариот град.

Замислете си вечера со локално и европско мени, со избор на најфини македонски вина, во ресторанот на кровот со поглед каде веќе ги препознавате под звезденото небо осветлените патеки што сте ги минале дента.  
Не замислувајте, остварете го вашиот сон и уживајте секој еден миг од денот и ноќта.
  • Посетете го SU Hotel.
 
Ценовник за тридневен аранжман  од 01.06.2020 до 28.12.2020
Тип на соба (цена по ноќевање со појадок):
  • Стандардна Двокреветна (по лице)   2.055 денари
  • Двокреветна Superior (по лице)    2.330 денари
  • Смарт Делукс Двокреветна ( по лице)  2.195 денари
  • Апартман Двокреветен (по лице)  3.080 денари
  • Трето легло во Апартман или Супериор соба  2.055 денари
 
 
Ценовник за петдневен аранжман  од 01.06.2020 до 28.12.2020
Тип на соба (цена по ноќевање со појадок):
  • Стандардна Двокреветна (по лице)   1.915 денари
  • Двокреветна Superior (по лице)    2.120 денари
  • Смарт Делукс Двокреветна ( по лице)  2.055 денари
  • Апартман Двокреветен (по лице)  3.080 денари
  • Трето легло во Апартман или Супериор соба  2.055 денари
 
Ценовник за седумдневен аранжман  од 01.06.2020 до 28.12.2020
Тип на соба (цена по ноќевање со појадок):
  • Стандардна Двокреветна (по лице)   1.780 денари
  • Двокреветна Superior (по лице)    1.980 денари
  • Смарт Делукс Двокреветна ( по лице)  1.915 денари
  • Апартман Двокреветен (по лице)  3.080 денари
  • Трето легло во Апартман или Супериор соба  2.055 денари
 
Ценовник за десетдневен аранжман  од 01.06.2020 до 28.12.2020
Тип на соба (цена по ноќевање со појадок):
  • Стандардна Двокреветна (по лице)   1.715 денари
  • Двокреветна Superior (по лице)    1.915 денари
  • Смарт Делукс Двокреветна ( по лице)  1.850 денари
  • Апартман Двокреветен (по лице)  3.080 денари
  • Трето легло во Апартман или Супериор соба  2.055 денари

<<< Контактирајте не за информации и резервации >>> 

Галерија

Ви требаат повеќе информации?  Тука сме за вас!

+389 70 317 022 |  info@agentur.com.mk

Актуелни понуди

Сите блог статии од Актуелни понуди