Gorski Hotel & Spa - Копаоник, летни семејни пакети

Избегајте од градската топлина и уживајте во свежината на Копаоник. Ова лето, доживејте недопрена природа, совршен мир и убавина што освојува на прв поглед! Искусете го Копаоник, планина на сонцето, адреналин, планина на активен и квалитетен одмор, планина која нуди за секого по нешто, со вистинскиот пакет за совршен летен одмор!


Летни семејни пакети „ФАМИЛИЈАРНИ МОМЕНТИ“
Период од 01.06.2020 - 30.09.2020.
ОД 219 ЕВРА
Цената е по лице во двокреветна соба за пакет од 4 дена 3 ноќевања на база на HB.

Приближете се кон активности поврзани со семејството. Откријте ја новата страна на летото на Копаоник.
  • Гратис сместување за деца
  • Пешачка тура
  • Сафари авантура
  • Час по јога во природа
  • Велосипедизам
  • Фамилијарен ден
  • Извиднички камп за деца
  • Надградба на сместувањето од супериор во делукс соба
  • 15 % попуст за секое дополнително ноќевање
 
 
ЛЕТЕН ПАКЕТ ФАМИЛИЈАРНИ МОМЕНТИ
Цените се дадени по особа за пакет во ЕВРА
01.06 – 10.07.2020.
29.08 – 30.09.2020.
Тип на соба Услуга 3 ноќи 5 ноќи 7 ноќи
1/2, 1/3 супериор HB 219 343 467
Фамилијарна соба HB 239 374 510
1/2 делукс соба HB 239 374 510
ЛЕТЕН ПАКЕТ – ФАМИЛИЈАРНИ МОМЕНТИ
Цените се дадени по лице за пакет во ЕВРА
11.07 – 28.08.2020.
Тип на соба Услуга 3 ноќи 5 ноќи 7 ноќи
1/2, 1/3 супериор соба HB 239 374 510
Фамилијарна соба HB 269 421 574
1/2 делукс соба HB 269 421 574
 
ЛЕТЕН ПАКЕТ – ФАМИЛИЈАРНИ МОМЕНТИ
Цените се дадени по апартман за пакет во ЕВРА
01.06 – 10.07.2020.
29.08 – 30.09.2020.
Тип на апартман Макс.капац Услуга 2 ноќи 3 ноќи 5 ноќи
Deluxe Suite 2-4 HB 769 1205 1641
Club Suite 2-5 HB 1299 2035 2771
 
ЛЕТЕН ПАКЕТ – ФАМИЛИЈАРНИ МОМЕНТИ
Цените се дадени по апартман за пакет во ЕВРА
11.07 – 28.08.2020.
Тип на апартман Макс.капац. Услуга 2 ноќи 3 ноќи 5 ноќи
Deluxe Suite 2-4 HB 889 1393 1897
Club Suite 2-5 HB 1499 2348 3198

































 
Во цената на пакетот е вклучено:
  • Сместување за минимум 3 ноќевања на база на полупансион (појадок и вечера – шведска маса) во одбраниот тип на соба, за избраниот број на ноќевања, по лице
  • Планинско сафари – возење во заштитени подрачја на националниот парк со специјално возило, придружено со локален водич
  • Извиднички камп за деца - секој ден во текот на јули и август освен недела. Два пати дневно се организира едукативна програма за деца од 10-12 ч во претпладневните часови и од 15-17 ч. во попладневните часови. Се запознаваат со ориенталните вештини и тимската работа, ќе научат и повеќе начини како да запалат оган, ќе врзуваат различни чворови и уживаат во активностите во природа. Паркот е најубав за деца од 5 до 12 години.
  • Горски фамилијарен ден - секоја сабота од 12 до 15 часот во јули / август. Семејна забава на отворен базен релаксирајте се со музика, анимација за деца, скара и отворен бар за безалхохолни пијалоци;
  • Час по јога во природа - секоја сабота од 11 ч.
  • Пешачки тури со локален водич низ националниот парк Копаоник секоја сабота од 10: 00ч со место на поаѓање од седиштето на Националниот парк;
  • Возење планински велосипеди- самостојно откривање на убавините на Копаоник
  • 10 % попусти за масажа и третмани за лице и тело
  • неограничено користење на фитнес центарот со најмодерна опрема:
  • неограничено користење на содржините на Спа & Велнес центарот преку 1000 м2. На располагање ви стојат отворениот и затворениот базен со спа барот и поглед према висините на КОпаоник. Тука е и светот на сауна, може да уживате во Финска сауна и Борова сауна. А за посебните искуства тука се собата со слана, ледена соба, весел тусх, тапидариум:
  • Надградба на сместувањето од супериор во делукс соба према моменталната расположливост
Искуството на Копаоник што може да го добиете само во хотелот Горски:
 
  • ВИП Горски пикник сафари – 99 ЕВРА за група од минимум 1 до максимум 5 особи
 
Запознајте се со скриените реки, потоци и езера. Слушајте приказни за магијата на флората и фауната од локален водич. Искусете ја регенерирачката моќ на природата додека личен готвач ви подготвува ручек за вас на некоја од најубавите полјани.
Соберете го вашето семејство и откријте ги неоткриените делови од најубавата планина во Србија досега.
 
Цената на пакетот вклучува:
 
- Туристички такси;
  • 120.00 RSD (1.02 €) по лице, по ноќ за возрасни
  • 60.00 RSD (0.50 €) по лице, по ноќ за деца од 7 до 15 год.
  • Деца до 7 год. не плаќаат туристичка такса
 
 
НА ПРОМОТИВНИТЕ ПАКЕТИ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ, ПОТВРДИ, ПРОМЕНИ И ОТКАЖАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
 

Галерија

Поврзани блог статии