Seaden Sea Planet resort & Spa - Antalya

Уникатен модерен дизајн надополнет со приватна песочна плажа во прва линија на областа Кизилот во Анталија. 

Положба 
Хотелот се наоѓа во областа Kızılot, оддалечен 12км од Манавгат и 72км од аеродромот во Анталија. 

Сместување
Вкупен број на соби 460. Стандардни соби (28-32m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), фамилијарни соби (48m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица) и 5 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када и фен, засебен клима уред, телефон, мини бар (наполент со вода и безалкхолни пијалоци при пристигнување, потоа се дополнува само со вода секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон, 

Услуга 
Се Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, колачи и чај, вечера, доцна ужина, сладолед во одредени часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот во еден од рестораните. Не е вклучено: сите узовни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, послуга во соба, пијалоци во Wellness центар. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Турски, Италијански, морска храна, Мексиканска храна и кујна од Далечниот Исток, барови околу хотелскиот комплекс, Диско клуб. Доктор, бебиситер, фен, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуги за перење и пеглање, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во хотелот. 

Плажа 
Хотелска плажа, песочна со камчиња, со лежалки, чадори и пешкири кои се бесплатни. 

Спорт и забава 
Внатрешни (не работат во летниот период) и надворешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, Wellness центар, салон за убавина, масажа, билјард. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, мини клуб за деца. 


Sea Planet Hotel 5 ⭐ Side - Ultra All Inclusive
🔥30.07 / 7 дена / 475 € по лице во тотал
🔥03.08 / 7 дена / 480 € по лице во тотал
🔥06.08 / 7 дена / 480 € по лице во тотал
🔥10.08 / 7 дена / 480 € по лице во тотал
🔥13.08 / 7 дена / 480 € по лице во тотал
🔥17.08 / 7 дена / 530 € по лице во тотал

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТОТАЛ 
И ИСТИТЕ ВКЛУЧУВААТ:
- 7 / 10 / 11 / 14 дена престој со All inclusive или Ultra All Inclusive услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Анталија - Скопје
- Аеродромски такси
- Трансфери  аеродром - хотел - аеродром
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Комплетна организација на аранжманот

Резервации и информации >>>>>

Галерија