Park Lakeside Hotel - ОХРИД

Позициониран на најидеалниот дел од езерскиот брег доколку вашата желба е да престојувате во хотел кој граничи со езерото, кое пак граничи со небото, а и двете граничат само со вашата имагинација. Токму затоа со задоволство ја извршува улогата на пасошка контрола при преминувањето на овие граници. Се наоѓа на само 3 километри од Охрид, затоа не ви ни треба автомобил за да стигнете до центарот на градот, но доколку сакате без проблем може да изнајмите во самиот хотел.

Доколку сте љубители на велосипедите, исто така немате проблем, како и во случаите во кои посакувате да играте тенис, фудбал, да бирате дали сакате да се бањате на плажата пред хотелот или во базен во рамките на комплексот, или едноставно сакате да ја гледате водата удобно сместени на лежалка, да уживате во умерениот ветар кој ви посакува добредојте и да го гледате бисерот на Македонија пред вашите очи. Сите вашите желби ги исполнуваaт со најголемо задоволство!
 

Како логистичка поддршка за нивните 27 апартмани, 19 двокреветни соби и 3 резиденцијални (претседателски) апартмани, хотелот го има ресторанот со 220 места, поделени на идеална половина внатре и на терасата покрај преубавото езеро. Важно да се знае: ако премногу ви се допадне собата / апартманот во кој престојувате, толку многу што би посакале да е ваша сопственост, ќе ве потсетиме уште еднаш дека ние ги исполнуваме сите ваши желби. Безжичниот интернет не го сметаме како желба туку како основно човеково право во 21-виот век, па нема потреба да ви кажеме дека доколку сакате да бидете поврзани и со светот, а не само со преубавата природа, не треба да се грижите воопшто.

Во нивните соби ќе се чувствувате покомфортно и од сопствениот дом бидејќи се дизајнирани токму за да ви го создадат тоа чувство: престојот во хотелот да ви биде во „домашен амбиент“.

 

Цени по лице од вечер во €
 

Тип на соба Буџет соба Поглед кон парк Страничен кон езеро Поглед кон езеро
Еднокреветна соба 42 45 47 50
Двокреветна соба 30 32 37 40
Трокреветна соба   30 33 35
Четворокреветна соба   28 30 32
Доплата за полупансион 10 €      
Доплата за полн пансион 20 €      


 * Аранжмани: 3-5 дена -12%, 5-7 дена 14%, над 7 дена -16%
** Деца до 15 години гратис, -30% попуст за второ дете

РЕЗЕРВИРАЈТЕ ТУКА>>>

Галерија

Поврзани блог статии

Ви требаат повеќе информации?  Тука сме за вас!

+389 70 317 022 |  info@agentur.com.mk

Актуелни понуди

Сите блог статии од Актуелни понуди