Апартмани во Милмари ресорт - Копаоник

Милмари Ресорт е сосема нов хотелско-туристички комплекс на падините на Копаоник, сместен во „Викенд Насеље“, на регионалниот пат Копаоник-Рашка.

Овој луксузно уреден комплекс моментално е категоризиран со 3*, а она што го доловува Milmari Resort се модерни и функционално опремени сместувачки единици со посебен акцент на топлите тонови на бои кои се присутни во внатрешноста, што на гостинот му дава чувство на семејна атмосфера.

Сите три апартмани се близу еден до друг и се погодни за 2 или 3 парови кои сакаат да се дружат и се во близина, а сепак имаат своја приватност. Апартманите се опремени со удобни големи француски кревети, тераси, комплетно опремена кујна, греење, бањи со туш, телевизори и бесплатен WI/FI.
Апарманите се комотни и удобни за сместување на 2 лица, а еден од апартманите има фотеља која што може да служи како дополнителен кревет и можност за сместување на трето лице. 
  • App.A02 има француска кревет плус фотелја,
  • App.A04 Француски кревет, огромен и удобен плакар и најубав поглед на планините, тивко и мирно.
  • App.A05. - француски кревет, удобен и простран, голем телевизор

03.01.2022.-10.02.2022.
Цена за 2 лица - 80€
Цена за 3 лица - 90€

11.02.2022.-16.02.2022. 
Цена за 2 лица - 90€
Цена за 3 лица - 100€

17.02.2022.- до крај на сезона
Цена за 2 лица - 70€
Цена за 3 лица - 80€

Корисни информации:
Влезот во националниот парк се плаќа 300 динари дневно. Но постои опција за неделен билет за влез и чини  800 динари,  а годишна карта за влез во НП е 2000 динари. 
Паркингот во Милмари е бесплатен, а имаат можност за гаража 10 € на ден.
Ски-автобусот тргнува веднаш пред влезот, карта повратна е 300 дин. 
Такси околу 1000 динари.
Ресторан во самиот ресорт, трафика на влезот од ресортот.
Уште 4 ресторани се наоѓаат на растојание од 100 - 200 m и уште 2 продавници.
Спа центар кој има се... и големи базени и сауни, солени соби, инфрацрвени сауни, фински, шведски сауни, тапидариуми.
Паркинг во центар 500 дин. за цел ден
1€ = 117,5 дин. 


Контактирајте не за резервации на 070 317 022, info@agentur.com.mk или преку контакт формата ТУКА>>>

Галерија

Поврзани блог статии

Ви требаат повеќе информации?  Тука сме за вас!

+389 70 317 022 |  info@agentur.com.mk

Актуелни понуди

Сите блог статии од Актуелни понуди