IKOS OLIVIA

ХОТЕЛОТ:

Хотелот IKOS OLIVIA поседува ексклузивна локација на заливот “Торонеос” на Халкидики (500 метри од центарот на Неа Мудања) и е сместен на самата плажа. Суптилната елеганција и шик дизајнот на овој хотел, го прават да биде совршено погоден за секој патник.


СОБИ:

Собите во овој хотел се луксузно уредени по највисоки стандарди, и воедно нудат приватни балкони, приватни базени и одлично уредени градини и тераси, со поглед кон море или со поглед кон градина. 

ХРАНА:

Во овој хотел ве очекуваат прекрасни можности за јадење, од кои што можете да си изберете од повеќето извонредни менија во еден од шесте ресторани. Менијата се создадени од готвачи означени со Мишелин ѕвезда и нудат француска, италијанска, грчка и азиска храна. 

УДОБНОСТИ: 

Во Ikos Olivia ќе може да уживате во лагуна базен кој вклучува бар, во загреан базен од 450м2 и во Deluxe Collection Pool од 806м2, кој е исто така загреан. Исто така, тука се и базените за веслање за деца и бебиња, во склоп со прекрасниот внатрешно-надворешен загреан базен во Ikos Spa. 
Воедно, тука е и плажата наградена со сино знаме, која има блескав златен песок кој се протега 450 метри. 
Кога станува збор за услугата, таа секогаш ќе ви биде достапна, независно од тоа дали го проаѓате денот сунчајќи се на удобните лежалки покрај базените или покрај морето. 
Ikos Olivia се погрижува и за вашата активност во текот на одморот, со тоа што ви нуди широк избор на спортови, игри и активности. Од две осветлени тениски игралишта и одбојка на плажа, до сурфање на ветер, секој гостин кој сака да е активен, има шанса да го задоволи тоа.  

Специјална промоција за термин од 21.04.2022

Термин: 21.04.2022 - 26.04.2022 
 Хотел: IKOS OLIVIA
 Услуга: Ultra All Inclusive (UAL)
 Број на ноќи: 5
 Тип на соба: double room, inland view
 Цена по лице : 546€

❗️Цената е со вклучен дополнителен попуст од 15% за резервација до 17/02/2022 ❗️

Галерија