Potidea Palace Hotel 4* - Nea Potidea

POTIDEA PALACE HOTEL

 

Овој ексклузивен All Inclusive хотел на Халкидики, ви нуди избор од 234 елегантни и пространи соби и апартмани, распространети низ 9 згради, кои се поврзани со прекрасни уредени градини.  Potidea Palace исто така има своја приватна плажа, спа центар и отворен базен, како и одлични ресторани по сечиј вкус. Имате можност да уживате во главниот ресторан на овој хотел, во кој се служи богат појадок, ручек и вечера, како и во луксузниот ресторан Acropolis a la carte, кој нуди свежа морска храна, за ручек и вечера. 

Исто така, во склоп на хотелот се наоѓаат 4 барови, кои нудат свежи сокови, извонредни коктели, најдобрите грчки ладни кафиња и чаеви, како и грицки и колачи во текот на целиот ден. 

 

Кога станува збор за собите, сите од нив се одлилично уредени, со опремен балкон, ТВ со сателитски програми, Wi-Fi, приватна бања ( бањарки и папучи ), фен, минибар. 

 

Останати услуги во хотелот:

 

  • Бутик со локални производи, подароци и сувенири, костими за капење и други рекреативни производи
  • Винарска визба „Cava Idea“, која нуди над 1.300 вида на фини грчки вина и алкохолни пијалоци
  • Спа Центар, кој нуди широк спектар на приватни масажи и третмани
  • Фитнес Центар
  • Фризер (со доплата)
  • Докторска Служба 
  • Продукти за бебе (т.е. стерилизатори, греалки за шишиња итн. )
  • Услуга за чување на деца
  • Менувачница на пари
  • Услуга за изнајмување на автомобили
  • Бесплатен паркинг 

 

 

Термин: 08/06/2022 - 15/06/2022 (7 ноќи)

Хотел: Potidea Palace Hotel

Услуга: ALL (All Inclusive)

Тип на соба: Economy Room

Цена од лице: 671 euro

 

* Бесплатно за дете до 11 години !

Галерија