САРДИНИЈА - ИТАЛИЈА симбол на убавината

ИТАЛИЈА - СИМБОЛ НА УБАВИНАТА 

АВИОН / 12 дена / 11 ноќевања


Сардинија е сместена во средината на Средоземното Море и е опкружена со многу мали острови. Од западната страна ја заплискува Сардиниското Море, а помеѓу Сардинија и Италија се простира Тиренското море. Главниот и најголем град на Сардинија е Каљари.

Сардинија со години претставува едно од најелитните и најпопуларниte летувалишта во Европа. Во текот на својата бурна историја, многу народи го освоиле овој остров, оставајќи свои траги и влијанија кои се обединиле во единствен спој на култура и менталитет. Токму поради тоа, гордите жители на Сардинија велат дека ова е држава за себе.

Сардинија е единствен медитерански остров со недопрена природа, со прекрасни бели плажи, смарагдно море, гламурозна ривиера недалеку од средновековните гратчиња со древни цркви.....
 

  • 04. Јули (Понеделинк)                    СКОПЈЕ - БОЛОЊА - МАРАНЕЛО 

Полетување за Болоња во 13:50 часот и пристигнување во 15:35 часот. Трансфер до Маранело  и сместување во хотелот. Препорачуваме вечерна прошетка во Модена (со јавен превоз), третиот најголем град во регионот Емилија Ромања, позната по производството на оцетот Балсамико. Модена е град со богата и бурна историја уште од времето на Етрурците, важно сообраќајно и стопанско седиште на регионот. Модена е родното место на Лучијано Павароти, но и на Енцо Ферари и е едно од седиштата на италијанската автомобилска индустрија. Во центарот на градот се наоѓа најзначајниот објект – Катедралата која е под заштита на Унеско, а во близина се наоѓаат и  Кулата Гирландина, Општинската зграда, Плоштадот Гранде. Ноќевање. 
 

  • 05. Јули (Вторник)                                          МАРАНЕЛО

Појадок. Маранело е светски познато седиште на Ферари и Формула 1 тимот Скудерија Ферари. Можност за посета на музејот како и панорамска тура со екслузивен автобус до Fiorano track и по Булеварот Viale Enzo Ferrari во комплексот на фабриката. Во рамките на музејот со доплата, може да се почувствува возбудата од возењето на Формула 1 Болид. Извонредното искуство е во полупрофесионален симулатор и трае 7 минути. Слободно попладне. Ноќевање.
 

  • 06. Јули (Среда)                  МАРАНЕЛО - БОЛОЊА - ОЛБИА / ПОРТО ЧЕВРО 

Појадок. Превоз до аеродромот во Болоња. Полетување во 10:45 часот и пристигнување во Олбиа во 12:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Во попладневните часови можност за факулативна посета на плажата во Питулонгу. Ноќевање.

  • 07. Јули - 14. Јули.                               ОЛБИА / ПОРТО ЧЕРВО 

     

Денови за уживање на прекрасните плажи, прошетки, факултативни излети...
 

  • 14. Јули (Четрвток)                   ПОРТО ЧЕВО / ОЛИБИА - БОЛОЊА 

Ран појадок или превземање на пакет за Појадок. Трансфер до аеродромот во Олбиа. Полетување во 08:40 часот и пристугнување во Болоња во 09:50 часот. Превоз до хотелот во Болоња и оставање на багажот во хотелот. Препорачувме пешачка прошетка во центарот на градот, до Плоштадот Маџоре, еден од најубавите италијански плоштади со Базиликата Свети Петронио, Општинската зграда Palazzo d`Accursio, Плоштадот Нептун, на кој се наоѓа фонтаната со статуата на Нептун – римскиот бог на морето, Плоштадот Порта Равењана со двете кули, зградата на најстариот Универзитет во Европа. Сместување во хотелот. Слободно време за уживање во богатата гастрономска понуда. Ноќевање.

  • ​15. Јули (Петок)                                     БОЛОЊА - СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување во 16:10 часот и пристигнување во Скопје во 17:50 часот.
 


ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА: 

Хотел ForYou 4* Olbia
https://www.hotelforyou.it/en/
1299 EUR  -->  Ноќевања со појадок

Хотел Colonna Country & Sporting Club 4* Порто Черво 
https://www.itihotels.it/en/colonna-country-sporting/index
1599 EUR        Ноќевања со појадок
1799 EUR        Полупансиони/ Појадок и Вечера

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

 
  • Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Олбиа-Болоња-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
  • Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 
  •  Организиран трансфер од Аеродромот во Болоња до Хотелот во Маранело и обратно
  • Организиран трансфер од Аеродромот во Олбиа до Хотелот во Олбиа/ Порто Черво и обратно
  • Организиран трансфер од Аеродромот во Болоња до Хотелот во Болоња и обратно
  • Сместување во Хотел Maranello Palace 4* во Маранело на база 2 ноќевања со појадок  https://www.hotelmaranellopalace.com/en/home/
  • Сместување во избраниот Хотел во Олбиа/ Порто Черво на база на 8 ноќевања со појадок или полупансиони
  • Сместување во Хотел I Portici 4* во Болоња на база на 1 ноќевање со појадок https://www.iporticihotel.com/i-portici-hotel/?lang=en
  • Организација на аранжманот 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 

  • Багаж за чекирање 
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Доплата за еднокреветна соба 
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз 
  • Патничко – здравствено осигурување 
 

НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето 

 

Галерија