ПАРИЗ

ПАРИЗ 20.10 - 23.10.2022

 

  • 20.10 (Четврток) Скопје - Париз 

    Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:30 часот. Полетување кон Париз во 12:30 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 15:25 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер со панорамски разглед на Париз (90 km). Сместување во хотел. Ноќевање.

 

  • ​21.10 (Петок) Париз - Лувр - Мулен Руж 

    Појадок во хотел. По појадокот разгледот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич), кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се‘ до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.По завршување на посетата на Лувр започнува разгледот на прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро)...Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Шетаме, се одмараме, се враќаме назад во хотел.Слободно време или можност за факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чија што програма започнува во 23:00 часот. Ноќевање.

  • ​22.10 (Сабота) Версај - Ајфелова Кула - Крстарење по Сена

    Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
  • 23.10 (Недела) Монмартр - Сакр Кер - Бувер - Скопје 

    Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 15:15 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 17:55 часот.

Галерија